Хеликоптерот бил во приватна сопственост на компанијата „Либерти Хеликоптерс“ кој бил изнајмен за фотографирање, а се урнал во близина на резиденцијата на градоначалникот.
Петмина загинаа при уривање на хеликоптер во Ист Ривер, Њујорк. Полицијата потврди дека само пилотот успеал да се спаси.
Хеликоптерот бил во приватна сопственост на компанијата „Либерти Хеликоптерс“ кој бил изнајмен за фотографирање, а се урнал во близина на резиденцијата на градоначалникот.
Во 2009-та година, ист тип на летало од истата компанија која изнајмува хеликоптери за приватни летови и туристички тури, се судри со помал авион над реката Хадсон при што загинаа деветмина.