Поранешниот директор на СОЗР, Васе Доневски, доби 30-дневен притвор. Тој, заедно со сопственикот на „Секјуриком“ се обвинети за местење на тендер од 2015 за одржување на Владата, во висина од 11 милиони евра.

При финансиска истрага на неколку локации, поради сомнеж за некомплетна финансиска документација, одземени се електронски уреди, усб и патничко возило.

Доневски се терети дека со обезбедени изјави за заинтересираност на 7 компании ја заобиколил обврската да побара согласност од Советот за јавни набавки. 4 од заинтересираните 7 фирми се на ист сопственик, а останатите 3 се тесно поврзани. На тендерот се јавила единствено Секјуриком – единствената фирма која покрива 5 дејности меѓусебно неповрзани, наведува 24 вести.

Поранешниот долгогодишен директор на службата за општи и заеднички работи на владата Васе Доневски сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба, а по барањето на јавнотот обвнителство, судот му одреди 30-дневен притвор. Управата на финасиската полиција чешлајќи ги тендерските постапки спроведени од Доневски, открила криминал за склучен тендер тежок 10 милиони евра. Тој и сопственикот на фирмата „Секјуриком мултисервис Интернационал ДОО Скопје“ Волфганг Гампер од Австрија го изиграле законот за јавни набавки, прескокнувајќи процедури за да ја елиминираат конкуренцијата, пишува Телма.

Телма наведува и дека Доневски е близок човек на Груевски, а и самиот бил споменат во прислушуваните разговори помеѓу Јанкулоска и Ставревски.

Во соопштението на Основното јавно обвинителство се вели: во периодот од мај до август 2015 година при спроведување на постапка за јавна набавка во износ од 660.834.855 денари за одржување на хигиена, тековно одржување, дактилографски услуги, противпожарна заштита и оперирање со телефонски централи, првоосомничениот како директор на владина служба ги пречекорил границите на своето службено овластување и потпомогнат со соизвршителство од второосомничениот – како сопственик на правно лице го оштетиле Буџетот на Република Македонија при што со дејствијата е прибавена значителна имотна корист за сопственикот на правното лице и правното лице.