Членови на семејството на новинарот и претседател на ЗНМ, Насер Селмани, добивале закани по телефон од непознати лица. Тој денеска даваше исказ во Обвинителството во врска со случајот со Бејтула Асани, братот на функционерот на ДУИ, Бекир Асани.
– Додека бев на службен пат, непознати лица се јавувале кај мои роднини од скриен број и им се заканиле дека ќе го запалат целото семејство, вели Селмани.
Тој ги повика новинарите да не се плашат и да ги пријавуваат заканите, а инстиуциите да ги расветлат сите случаите.