Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ќе се повлече од функцијата поради „умор“, тврдат неименувани извори на приватната руска телевизиска мрежа РТВи со седиште во Њујорк.
Каналот што се емитува на руски јазик ширум светот, но не и во Русија, на својата интернет страница објави дека Лавров подолго време планирал да се повлече, но останал на функцијата „поради претседателската кампањеа на Владимир Путин“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков демантира дека Лавров се повлекува, додека портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, како што тврди РТВи, изјави дека „не знае дали Лавров ќе остана на таа позиција и во новата влада“.
Мрежата РТВи се повикува на „повеќе извори“ и истакнува дека „не е тајна оти Лавров подолг период сака да замине од функцијата на која е од 2004 година“.
Се претпоставува дека 68-годишниот рускиот министер не би заминал во пензија туку би презел некоја помалку активна, но важна функција, највероајтно во рускиот Совет за безбедност. Додека за негов наследник постојат повеќе опции.