Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска, во рамки на работната посета на Виена, имаше средби со градоначалникот и претседател на покраината Виена Михаел Хојпл, како и со заменик- градоначалникот на Виена, Марија Василаку.

Тој ги слушна идеите и практичните решенија за јавниот транспорт, енергетската ефикасност, споделувањето велосипеди, како и визиите за зелен и паметен град.

Беа разменети и искуства за градското зонско паркирање, како и за паркинг просторот во двата града.

Шилегов се сретна и со раководителот на Туристичкото здружение на Виена Норберт Кетнер, како и со пратеникот на Покраинското собрание Омер - Ал Рами.