„Тортура“ се однесува на начинот на лишување од слобода на лидерот на „Обединети за Македонија“ и екс- министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, на 6-ти јуни 2011-та година, ден по предвремените парламентарни избори.

Во кривичниот суд се најавени нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тортура“ и „Триста“.

„Тортура“ се однесува на начинот на лишување од слобода на лидерот на „Обединети за Македонија“ и екс- министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, на 6-ти јуни 2011-та година, ден по предвремените парламентарни избори.

Во „Тортура“ се обвинети поранешниот прв човек на единицата „Алфи“, Ивица Антевски-Пуки и уште петмина припадници на единицата, за апсењето на Бошковски.

На рочиштето за предметот „Триста“ во кој е обвинет Ѓоко Поповски поранешен помошник-министер во МВР за набавка на 300 возила за потребите на Министерството за внатрешни работи, денеска треба да бидат сослушани пет сведоци.

Според обвинителниот акт Поповски со набавката го оштетил буџетот на државата за сума од 453.570 евра. Специјалното јавно обвинителство тврди дека Поповски тендерот за купување, сервисирање и за одржување на возилата им го доделил на фирми кои немале најевтина понуда.