Димитров и Коѕијас ги почнаа разговорите за предлозите за името Со средбата со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, почна посетата на шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас во Македонија. Изутрината пред македонското МНР го пречека неговиот домаќин, министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

По едночасовната тет-а-тет средба планирана е пленарна седница на двете делегации, а потоа и прес- конференција. Како што соопшти МНР, разговорите на министрите Димитров и Коѕијас ќе бидат во контекст на напорите за надминување на разликата за името, како и на други билатерални прашања од заеднички интерес, со акцент на спроведувањата на мерките за градење доверба.

Напладне премиерот Зоран Заев ќе го прими Коѕијас, а претходно вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи. Планирани се средби на Коѕијас и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Мицкоски и Ахмети, како и со спикерот Талат Џафери.

Шефот на грчката дипломатија пристигна вчера со владин авион на скопскиот аеродром, во прва посета на земјава по неговото преименување во „Меѓународен аеродром Скопје“, како една од отстапките на македонската Влада во процесот на преговорите за името.

Ова е прв пат по 12 години грчки авион да слета на македонски аеродром.