Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов останува на веќе изнесениот став за Законот за употреба на јазиците и за потпишувањето на указот за негово прогласување, велат од Кабинетот на шефот на државата за МИА.

Иванов по повторното изгласување на законот на 14-ти март во обраќање до јавноста кажа дека нема да стави потпис за прогласување на повторно изгласаниот закон, бидејќи тоа не му го дозволуваат совеста и Уставот.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, синоќа повторно го повика Иванов да го потпише законот. Џафери смета дека претседателот на државата има уставна одговорност да го потпише законот, кој со мнозинство е донесен од пратениците во второ читање.