Уставните промени не се нешто што е страшно и поразително, Уставот и навиките се менуваат. Не ни е целта со одредено решение некоја страна да биде омаловажена. Нам ни е потребно чесно решение, а тоа е пронаоѓање решение помеѓу двете различни мислења, рече шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, на денешната прес-конференција по средбата со Шефот на македонската дипломатија.
Според него со средбата се направиле крупни чекори.