Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи судењето за предметот „Триста“ на СЈО во кој е обвинет Ѓоко Поповски поранешен помошник-министер во МВР за набавка на 300 возила за потребите на Министерството за внатрешни работи, на кое беа сослушувани сведоците предложени од Oбвинителството.
Првите двајца сведоци кои биле вработени во МВР, а кои биле и членови или индиректно вклучени како стручни лица во Комисијата за набавка возилата ја појаснуваа процедурата околу набавката.
Според обвинителниот акт, Поповски со набавката го оштетил буџетот на државата за сума од 453.570 евра. Специјалното јавно обвинителство тврди дека Поповски тендерот за купување, сервисирање и за одржување на возилата им го доделил на фирми кои немале најевтина понуда.