Специјалното јавно обвинителство обвинението за нереализираниот попис од 2011 година го испрати на погрешна адреса.
Јас не сум виновен, тоа е одлука на Собранието на Република Македонија, одговори Али Ахмети денеска на новинарско прашање по средбата со грчкиот министер, Никос Коѕијас.
Лидерот на ДУИ во врска со изгласувањето на законот за употреба на јазиците рече дека деновиве тој треба да стапи во сила и дека Иванов има уставна обврска да го потпише.
„Претседателот Иванов не треба да се двоуми за потпишување на изгласаниот закон за употреба на јазиците. Со тоа целосно ќе биде извршена имплементацијата на Рамковниот договор, кој донесе мир во Република Македонија“, рече Ахмети.