Министерот за економија Крешник Бектеши e лидер по трошења во ресторани и угостителски објекти во земјава и странство, пренесува Република.

Според алатката што ја објави Владата – министерот Бектеши, за шест месеци направил сметка од 14 илјaди евра само за угостителски услуги во земјата и странство. Следен на листата вицепремиерот Бујар Османи, кој за истата намена потрошил близу 13 илјади евра, а трет е министерот за правда кој веќе си поднесе оставка – Билај Салиу со 12 илјади евра. Министерот Алаѓозовски за истата намена потрошил нешо помалку од 9 илјади евра, додека пак Љупчо Николовски нешто повеќе од 7 илјади евра.