„Демантирам дека сум потрошил 9 000 евра по кафеани. Непрецизно е пренесена сметката од бифето на Министерството, од околу 430 000 денари. Тоа се трошоци од вода и кафе, за сите што не се вработени, а дошле како гости, како членови на комисии, тела, работни групи, амбасадори, синдикати, граѓани, уметници. Тие се формално фактурирани на име на министерот“– напиша на својот Фб профил Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, откако излегоа податоците на сајтот на Влада за трошоците на министрите и Премиерот, а беше пренесено од повеќе медиуми.
Алаѓозовски тврди дека медиумите лошо о непрецизно ги пренеле податоците.