Американскиот претседател Доналд Трамп нареди протерување 60 наводни руски шпиони од САД како одговор на нападот со нервен агенс врз поранешен шпион Сергеј Скрипал во британскиот град Салисбури во почетокот на месецот.
Прес секретарот во Белата куќа, Сара Сандерс изјави дека потегот е дел од глобална координирана акција против Москва како „одговор кон Русија за употребата на хемиско оружје на тло на Велика Британија“.
Според висок претставник од Белата куќа, „48 лица за кои се знае дека вршат разузнавачки работи“ од рускиот Конзулат во Сиетл и 12 од руската мисија во ОН имаат седум дена да ги напуштат САД.
Трамп нареди и затворање на рускиот Конзулат во Сиетл за кој официјални лица во САД сметаат дека има фокус на шпионски активности против базата за подморници Китсаб и Боинг.
АФП пренесе изјава на висок претставник од администрацијата на Трамп кој тврди ддека во САД има уште 40 руски лица кои вршат разузнавачки работи, но Москва ќе биде значајно“ погодена од потегот.