Руското Министерство за надворешни работи денеска оцени дека протерувањето на руски дипломати од западните држави е „непријателски чекор“ и најави дека ќе реагираат на него.

Во соопштението од Министерството се истакнува дека Русија остро протесира против протерувањето дипломати од голем број членки на ЕУ и на НАТО.