Британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Гарет ја поздрави одлуката на македонското Министерство за надворешни работи, да протера еден руски дипломат од земјава, поради случајот Скрипал.
- Ja поздравувам одлуката на Македонија, како дел од една исклучителна, обединета акција од меѓународната заедница против рускиот напад со нервен гас на британско тло. Моќен израз на солидарност - напиша амбасадорот Гарет на Твитер.
Одлуката на македонското МНР, како што претходно беше соопштено, е донесна по консултации со сојузници и партнери од ЕУ и НАТО.
За случајот Скрипал од 14 земји членки на Европската унија ќе бидат протерани најмалку 30 руски дипломати, во глобална координирана акција како одговор за Москва поради случајот Скрипал.