„Политиката е надмоќна во дефинирање на правото, но судството е надмоќно во неговата примена. Законодавната и извршната власт да го обезбедуваат и почитуваат авторитетот на судската“, претседателот на Врховен, Јово Вангеловски во пресрет на одбележувањето на Денот на правосудството. Констатираше дека судството е поефикасно од порано, но дека сѐ уште нема целосна финансиска независност...
Македонското судство е поефикасно од порано, но треба да се посветиме на квалитетот. Судските одлуки треба да се добро образложени и да се праведни, зашто судиите со нив треба да се брана за правата на граѓаните, рече во своето обраќање претседателот на Врхвониот суд, Јово Вангеловски. Обиди за влијанија секогаш постојат, но судиите мора да се водат од професионализмот.
Извршната и законодавната власт треба да гарантираат дека судовите се независни и дека не се прифатливи мерки кои можат да ја доведат до опасност нивната независност. Судството не смее да биде предмет на политички маркетинг, никој не смее да да му се заканува на судијата со разрешување, реизбор, да го повикува на одговорност за донесената одлука, додаде Вангеловски. Тој повика на нулта толеранција за корупцијата и побара правдата не само да се спроведе, туку и да се види.
Претставниците на законодавната власт очекуваат со Планот 3-6-9 да има унапредување на реформите во судството.
На свеченоста присуствуваа највисоките претставници на судската власт во Македонија, како и гости од Косово, Албанија, Словенија, Турција и од други земји.
На 31-ви март во 1945-та година, президумот на АСНОМ донесе повелба за устројство на народните судови во федерална Македонија, поставувајќи ги темелите на судската власт.