Збирка поезија од проектот „Млади поети“ финансирана од страна на Агенцијата за млади спорт ги крена на нозе македонските граѓани на социјалните мрежи.

Во текот на вчерашниот ден се објавија фотографии од скандалозната содржина на стихозбирката финансирана од државни пари и на која како главен уредник е потпишан директорот Дарко Каевски а како издавач Агенцијата за млади и спорт.

Една од песните се вика Партиски вработена а целата содржина на песната е наменета за дискриманација на женскиот пол односно во истата се пишува за тоа како девојка се вработила во државната администрација преку пушење кај координаторот, диркање кај директорот, дигање на мини сукњата кај министерот и примање на корнишонот на Премиерот.

Покрај ова, во песната се спомнува и извесна Мирка а стихот вели „Велат дека му го диркала на директорот. Не е грда како Мирка, а знае добро да дирка!“. Веројатно само на авторот и на главниот уредник им е позната позадината на овој стих.

Песната во целост изгледа вака:

Партиски вработена

„Велат дека пушела коор кај координаторот. Во канцеларија со знак за забрането пушење!

Велат дека му го диркала на директорот. Не е грда како Мирка, а знае добро да дирка!

Велат ги ставила градите на челото на градоначалникот. Наместо згради да гради, тој ги зграби нејзините гради.

Велат дека се плеткала во парламентот. Со толку платени пратеници, кај нас имаме платеници!

Велат дека ја подигнала мини сукњата пред министерот. Тој немоќен и се извини оти неговиот орган е мини.

Велат дека го примила корнишонот на премиерот. Со коор тој ја нишанел и право „у срида“ погодил!

Велат дека дала се пред претседателот. Од што го бива за прцање го викаат „прцадателот“.

Административната работичка со скромна платичка во денарска паричка ја доби со давање паричка!

Велат дека сите жени се кооорви во паричката, но ти сирота грешнице си коорва и во душичката! “

Автор: Даниел Пиљаковски

Само да потсетиме дека за да биде ова излезено во печатено издание, се дадени пари од буџетот на Република Македонија. Пари на граѓаните на Република Македонија. Ваши пари!!!