Збирка поезија од проектот „Млади поети“ финансирана од страна на Агенцијата за млади спорт ги крена на нозе македонските граѓани на социјалните мрежи.

Во текот на вчерашниот ден се објавија фотографии од скандалозната содржина на стихозбирката финансирана од државни пари и на која како главен уредник е потпишан директорот Дарко Каевски а како издавач Агенцијата за млади и спорт.

Една од песните се вика „Партиски вработена“ а целата содржина на песната е наменета за дискриманација на женскиот пол односно во истата се пишува за тоа како девојка се вработила во државната администрација преку пушење кај координаторот, диркање кај директорот, дигање на мини сукњата кај министерот и примање на корнишонот на Премиерот.

Но, покрај оваа песна, во истата стихозбирка има песна со наслов „Моите соседи“ која е наменета за малцинската заедница на Албанците во Република Македонија и која завршува со зборот „схиптари“.

Во периодот на политичките бомби пуштани од страна на тогашната опозиција, јавноста и пред се членовите на СДСМ остро реагираа на разговорите на владините функционери во кој се споменува зборот „шиптари“ за да сега кога власта гради таканаречено „Едно општество за сите“ со државни пари се финансира стихозбирка со етнички навреди.