Кинеските власти разбиле ланец на криумчари кои со дронови нелегално пренесувале паметни телефони од Хонг Конг.

Криумчарите пренесувале и по 15.000 телефони за една ноќ.

- Секој ден од 10.000 до 15.000 телефони се пренесувале преку граница. Со оглед на тоа дека работеле 15 денови месечно, нивниот месечен приход бил над 1,3 милиони евра, наведе заменик-шефот на Бирото против криумчарење, Чен Лијанг.

Групата работела шест месеци, а за тоа време нивната техника ја довеле до совршенство.

Запленети се половни телефони во вредност од 80.000 милиони долари.

Кинеските медиуми јавија дека тоа е веројатно првиот случај во Кина во кој криумчари користеле дронови за пренесување на предмети преку граница.