По скандалот за објавените песни со навредлива содржина во збирката објавена од Агенцијата за млади и спорт кој беше обелодент денеска, се огласи и Даниел Пиљаковски чие име и презиме стои под една од нив, со демант дека тој е автор на овие дела.
– Почитувани, денес бев вчудовиден и крајно разочаран од сознанието дека моето име го има насекаде по социјалните мрежи и интернет страници, поради недолични и вулгарни песни објавени во збирката за песни од страна на Агенција за млади и спорт. Категорично одрекувам дека сум автор на тие песни. Мојот идентитет е злоупотребен од страна на Александар Блажевски. Ве молам да ми помогнете во разјаснување на овај случај, бидеќи ми се создаваат големи проблеми.
Со почит Даниел Пиљаковски.
Ова е e-mail пораката која ја испратил Даниел Пиљаковски до Ако.мк, чие што име стои под две песни објавени во Збирка поезија на млади автори и кои предизвикаа бура од негативни реакции заради недоличната содржина, полна со вулгарности, сексуални алузии, но и шовизнизам и дискриминација по етничка и родова припадност.