Јас сум голем провинцијален интелектуалец (од некои сметан за „генијалец“), прогласен за најдобар студент на ПМФ во 2003. Мене професионалниот ангажман на ПМФ, ФЕИТ, во две основни училишта и во други институции ми беше ускратен заради повеќе наместени конкурси, во кои победувале женски противкандидатки. Ете, тоа е мојата мотивација за такви „сексистички“ песни, статистиката покажува дека жените во Македонија полесно добиваат работни места во јавните институции – ова за ТВ 24 го изјавил, Александар Блажевски, вистинскиот автор на недоличните песни објавени во збирката на Агенцијата за млади и спорт.
Според него, објавените песни се во рамките на она што го дозволува Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, „Во член 7 е кажано дека тоа не се однесува на уметнички дела (има и други исклучоци, за новинарски статии итн.),
Како автор на двете спорни песни е потпишан Даниел Пиљаковски кој тврди дека неговото име било злоупотребено од поранешниот професор по математика, бидејќи тој не ги исполнувал условите за старосна граница на конкурсот.