Северна Кореја за првпат ќе истакне пред САД сека е подготвена да разговара за денуклеаризација на Корејскиот полуостров, кога ќе има состанок на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави неименуван американски официјален претставник.
Американски и севернокроејски официјални лица имале неодамна тајни контакти кога Пјонгјанг директно потврдил подготвеност да се одржи состанок без преседан, наведува изворот.
Досега Вашингтон воглавно се потпирал на уверувања од својот сојузник Јужна Кореја во намерите на Ким. Не е истакнато како бил остварен контактот на САД и Северна Кореја. Најавениот состанок на двајцата лидери е планиран за мај, но не е позната локацијата на средбата.