Делегација предводена од министерката и потпретседателка на владата Радмила Шекеринска, која ја сочинуваа министерот за здравство Венко Филипче, министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов за Велигден беше во посета на поглаварот на МПЦ г. г. Стефан во резиденцијата на Кале.

Во Кабинетот на поглаварот на МПЦ каде што појадувале и во духот на традицијата се кршеле со јајца, покрај знамето на Република Македонија стои и знамето со ѕвездата од Кутлеш.