На барање на финансовата полиција попладнево на скопскиот аеродром бил приведен Владиката Петар.
Од финансиската полиција за „Фокус“ истакнале дека во моментов не можат да дадат информации за случајот.
Владиката Петар во последните неколку месеци беше познат во јавноста по настапите во медиумите во кои јавно застана и се противеше на промената на името на Република Македонија.