Полската Влада одобри за борбата со смогот, да вложи 8,8 милијарди долари до 2028 година за почисто затоплување, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

– Не сакаме нашите деца да ја поврзуваат зимата со маски на лице, туку со снег, санки и Снешко, изјави полскиот премиер.

Тој зборуваше на седница на владин комитет за борба против загадување на воздухот во рамки на новата програма Да го запреме смогот.

СЗО соопшти дека 33 од 50 најзагадени градови во Европа се во Полска, вклучително и Краков. Дури 48.000 смртни случаи годишно се регистрирани во Полска поради болести што имаат врска со лош квалитет на воздухот.