Силно ја осудуваме употребата на хемиско оружје во Сирија, последниот случај беше застрашувачки. Тоа е закана за меѓународниот мир и безбедност, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

- Го повикуваме сирискиот режим и неговите поддржувачи да дозволат укажување меѓународна медицинска помош и меѓународни набљудувачи, додаде тој.

Столтенберг ги повика виновниците за употреба на хемиско оружје да поднесат одговорноsт.

- Треба да ја заштитиме забраната за хемиско оружје, истакна генералниот секретар на Алијансата.