Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска и утре ќе учествува на Петтата пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Љубљана.

Покрај обраќањето на Пленарната сесија, Џафери ќе оствари и повеќе билатерални средби.

Во македонската делегација што ја предводи претседателот на Собранието се и пратениците Хари Локвенец, Џеват Адеми и Теута Билали.