- Останува надежта дека на крајот ќе добиеме поддршка и од опозицијата и од претседателот на државата. Ние сме за референдум и не отстапуваме од тоа. ДУИ е против тоа. Но, ако градиме национален консензус, за вакви прашања треба да одиме сите заедно, рече премиерот.

Истакна дека промената на името на аеродромот и автопатот биле гест на добра волја, но оти тргањето на споменикот Воин на коњ не е врзано со преговорите.

Доколку не се дојде до решение, потенцира Заев, Македонија ќе продолжи со реформи бидејќи тие се битни за граѓаните. Но, напоменува дека стратешките цели на Македонија остануваат ЕУ и НАТО, нешто, со што, како што истакна се согласува и опозицијата.