На Зоран Божиновски ќе му се суди заедно со обвинетите во случајот „Шпион“.

Оваа одлука ја донела судијката, која досега му судела на Божиновски, кој е осомничен во случајот „Шпион“, но постапката за него беше раздвоена поради тоа што им беше недостапен на органите на прогон.

Божиновски беше уапсен во Нови Сад во април 2016 година и беше екстрадиран во Македонија.

Предметот „Шпион“ сега го застапува Специјалното јавно обвинителство, откако го презеде од редовното обвинителство.

Ново рочиште за овој предмет е закажано за 17 мај, до кога СЈО треба да го прецизира обвинителниот акт.

Апелацискиот суд лани ги ублажи казните на обвинетите и ја преиначи првостепената одлука на Кривичниот суд.

Во случајот „Шпион“ кој е од 2013 година, осудени се 18 лица за злосторничко здружување, шпионажа, уцена, измама и недозволено поседување оружје.