Два видеоотоскопи за одделението за оториноларингологија доби ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата Козле.
Станува збор за донација од компанијата Жито Лукс за која средства се одвојувале од продажбата на леб на парчиња во рамки на кампањата „Подарено од срце“.
Директорот на ЈЗУ Институт по белодробни заболувања кај децата Козле, Ангелчо Андоновски се заблагодари за донацијата која како што посочи ќе овозможи подобар пристап кон дијагностицирање и лекување на заболувањата кај децата.
Славица Кутаноска, од маркетинг секторот во компанијата истакна дека нивната компаниска општествена одговорност ја насочиле кон подобрување на условите за работа на здравствени установи кои ги лекуваат белодробните заболувања кај децата и додаде дека донација од медицински апарати добиле и детските оддели во Општата болница - Охрид, Клиничката болница во Битола и Општата болница - Струмица.