Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, утре ќе учествува на Самитот на шефови на држави или влади на земјите-членки на процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржува на Брдо кај Крањ, Словенија.
Како што соопштија од СЕП, главна тема на форумот ќе бидат предизвиците и можностите за унапредување на меѓусебната соработка.
Процесот за соработка на Југоисточна Европа е иницијатива за регионална соработка каде покрај Македонија членуваат: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Молдавија, Романија, Србија, Турција, Хрватска, Црна Гора, Словенија и Косово.