Непознат сторител на речиси целата тревна површина на фудбалскиот стадион во Слатина кај Чачак нацртал машки полов орган, што ги шокираше локалните жители и љубителите на спортот во овој крај.

- Тоа најверојатно се случило ноќта во неделата кон понеделник. Претпоставуваме дека е направено со земјоделска рачна канта за прскање и со смеса за уништување на трева. А нацртаниот машки полов орган е со големина од 50 метри, истакна членот на раководството на фудбалскиот клуб Слатина, Немања Ѓорѓевиќ.

Тој наведе дека сите се шокирани, а според локалните жители некој ова го направил поради одмазда.

- Викендов имаме два натпревара и непристојно е да се игра на ваков стадион, потенцира Ѓорѓевиќ.

Овој стадион важи за еден од најубавите селски стадиони во околината на Чачак, а на него играат два клуба ФК Слатина и ФК Мршинци.


Администратор
25/04/2018 14:58