Реафирмација на силната италијанска поддршка на процесот на проширување на ЕУ и за членството на Македонија во Унијата изнесе денеска генералниот директор за ЕУ и билатерални односи во италијанското Министерство за надворешни работи Џузепе Бучино на средбата со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.
Димитров, како што соопшти МНР, информираше за текот на имплементацијата на клучните реформи и за нивната трансформациска улога за земјата во контекст на севкупно унапредување на демократските процеси, владеењето на правото и градењето одговорни и функционални институции.
Министерот упати благодарност за континуираната италијанска поддршка на европската интеграција на Македонија и во таа смисла, беа разменети мислења за претстојните активности на европската агенда.
Бучино истакна дека последниот Извештај на ЕК за напредокот на земјата е јасна потврда дека Република Македонија е на вистинскиот пат и Италија ќе продолжи со активна поддршка на секој начин.