Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска упати честитка по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај.

- Денот на трудот, 1-ви Mај е симбол на борбата за правата на работниците. Како политичари и работници, наша должност е тие права да ги штитиме и унапредуваме. Македонија веќе не смее и нема да биде земја со евтина работна сила и незаштитени работници, порачува во честитката, вели таа во честитката.

Посочува што се Владата направила да ги унапреди правата на работниците.

- Ја зголемивме најниската гарантирана плата за над 90 илјади работници. Го решивме проблемот на голем број стечајни работници. Правиме се жените да бидат платени, исто како и мажите. Наша должност е да создаваме услови да може од трудот да се живее чесно и достоинствено, вели Царовска.

Први мај, додава таа, е празник на трудот, но и симбол на солидарноста на работништвото во борбата за еден поубав свет.

- Тоа е светот на правдата, на еднаквоста и на поддршката кон сите на кои им е потребна помош. Тоа се иделите за кои голем број борци за слобода, правда и еднаквост ги давале своите животи. На денот кога си го честитаме овој празник се сеќаваме и на нив и им оддаваме признание, вели министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во честитката по повод Меѓународниот ден на трудот.