На 30 април 2018 година во Полициската станица Карпош од страна на Министерството за труд и социјална политика, доставен е записник од 24 април 2018 година, во кои пријавуваат дека во временскиот период од 17 април 2018 година до 18 април 2018 година во кругот на касарната „Илинден“, поточно од два магацински простории на министерството каде што ја складираат робата, од страна на непознат сторител извршена била тешка кражба.

Тешката кражба била извршена на тој начин што сторителот се прекачил преку еден од прозорците, влегол во внатрешноста на магацинот од каде одзел разновидна стока: женски кондури, женски балетанки, тањири, ремени, женски сандали, зимски обувки, чанти, играчки синтисајзери, маици, женски фустани, машки кошули и играчки.

Со извршеното кривично дело сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 524.900 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.