Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија, за надворешна политика, за еднакви можности на жените и мажите и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија се предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за електронско управување, на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на Законот за основање на јавно претпријатие Македонска радиодифузија, сите во второ читање.

Членовите на Комисијата за надворешна политика ќе расправаат по предлог-законите за ратификација на Спогодбата меѓу Република Македонија и Република Бугарија за соработка во случај на катастрофи и за ратификација на изменувањата на Протоколот 2 кон Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Република Турција.

Овие точки се на дневен ред и на Законодавно-правната комисија.

На седницата на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите ќе се одржи јавна расправа на тема „Извештај за напредокот на Република Македонија од страна на Европската комисија за 2018 година, со посебен осврт на делот за родова рамноправност“.