Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска ја заокружи официјалната посета на САД со положување венец на Гробот на непознатиот војник на Националните воени гробишта „Арлингтон“.
Шекеринска го посети и Меморијалниот центар на националните гробишта „Арлингтон“, каде подари плакета во чест на загинатите американски војници.
Во текот на официјалната посетана САД, беше потврдено стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД.
Шекеринска се сретна со американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис, кој ја реафирмираше американската поддршка за членството на Македонија во НАТО, а имаше и средби со високи официјални претставници на Белата куќа, Стејт Департментот, Конгресот и Сенатот.