На седница на Владата на Република Македонија била разгледана информација во врска со вклучувањето на Македонија како дел од единствениот Европски комуникациско - информативен систем.

Министрите на седницата ја разгледаа и ја усвоија Информацијата за одржан координативен состанок за изнаоѓање начин за обезбедување финансиски средства потребни за реализација на единствениот комуникациско информативен систем со единствениот Европски број за итни повици Е-112 во РМ. Дополнително, претставници од неколку министерства и надлежни институции треба да формираат меѓу ресорска група (оперативен тим), со цел преземање на активности за реализација и имплементација на Системот за итни повици Е-112 во РМ и во најкус можен рок да подготват Информација и истата да ја достават до Владата на РМ.