Набљудувањето на третиот извештај од исполнувањето на реформите од Планот 3-6-9 покажуваат дека, и покрај соодветната приоретизација на реформската агенда, делот 9 бележи делумно задоволителен статус на реализација.

За овие наоди денеска во ЕУ Инфо центарот, Институт за демократија „Социетас Цивилис“ - Скопје (ИДСЦС) во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер кои го следат спроведувањето и исполнувањето на реформите од Планот 3-6-9, ќе го презентираат извештајот изготвен врз основа на методологијата развиена од ИДСЦС

Според организаторите, главен заклучок од овој извештај е дека главната цел на реформскиот План 3-6-9, добивање чиста препорака за отпочнување на пристапни преговори е постигната. Сепак, наодите од набљудувањето сугерираат дека, и покрај соодветната приоретизација на реформската агенда, делот 9 бележи делумно задоволителен статус на реализација. Во однос на целокупниот план, она што може да се извлече како заклучокот од наодите е дека Планот 3-6-9 постигнува задоволителен степен на исполнетост на мерките кој изнесува 60 проценти, додека 23 отсто од активностите се немерливи.

- Планот задоволително ги адресира препораките од извештаите на Прибе и Итните реформски приоритети. За крај, наодите од извештајот сугериират дека од суштинска важност е изработката на нов реформски план во соработка со сите општествено-политички чинители, а земајќи ги предвид веќе преземените активности од планот 3-6-9 и одредниците од Извештајот за Македонија на Европската комисија. Исто така, овој план, покрај потребата целосно да ги адресира препораките од извештаите на Прибе, итните реформски приоритети и предвидените активности во Националната програма за усвојување на правото на Европската унија, треба да биде јасно структуриран предвидувајќи детално прецизирана временска рамка, строго утврдени надлежности на институциите и критериуми за успешност, посочуваат организаторите.