Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски на денешната комисиска расправа за политички систем, ја праша Катица Јанева праша дали се предадени сите прислушувани разговори и дали има записник за таквото примопредавање.
- Има индиции дека на црниот пазар циркулираат т.н. бомби? Дали СЈО ги има сите прислушувани муабети? - праша Илиоски.
Тој додаде и дека СЈО е институцијата која треба да го штити законот а всушност самите тие го прекршуваат истиот бидејќи согласно специјалниот Закон донесен за СЈО тие немаат право да отвараат предистражни постапки и да поднесуваат обвиненија по истекот на 18 месеци од мандатот, но спротивно на тоа, од СЈО најавуваат нарачани истраги и обвиненија.