Второоделенците годишно ќе имаат годишно 684 часа годишно наместо досегашните 828, а третоооделенците ќе имаат 720 часа годишно намсесто досегашните 1008. Ова е предвидено во новиот предлог наставен план што го објави министерството за образование, а за истиот сите надлежни ќе може да достават и забелешки.

Или според новиот план учениците во одделение ќе имаат помалку 144 часа годишно, а учениците во трето одделение ќе имаат помалку 288 часа годишно. Споредувано неделно второоделенците ќе имаат 19 часа во неделата наместо досегашните 23, а третооделенците ќе имаат 20 часа неделно наместо досегашните 26 часа во текот на една недела.

Дополнително на ова упатените коментираат дека досега предметите природни науки и општество беа два одделни, а сега се еден предмет кој се вика Светот околу нас. Исто така досега имаа два предмети ликовно и музичко, а сега ќе имаат еден Уметност. Ова според нив подразбира напуштање на програмата по Кембриџ.

Непосредно пред објавувањето на наставниот план Собранието го усвои Законот за високото образование. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев рече дека нема да гласаат за Законот за високото образование бидејќи не е прифатен ниту еден од амандманите што ги поднеле.

Министерката за образование и наука Рената Дескоска пак вели дека посебен фокус е ставен на контролата на квалитетот во високото образование.

Затоа, додава таа, досегашниот Одбор за акредитација и евалуација е поделен на две тела – посебно тело за евалуација на квалитетот на високото образование и посебно тело за акредитација.

– Вака ќе се обезбеди и контрола на акредитираните програми, со цел да се утврди дали акредитираните институции го обезбедуваат квалитетот што тие го предвидел, рече Дескоска.

Нов начин на студентско организирање, нови институции кои ќе ги мерат квалитетот и работата на високообразовните институции, повеќе надлежности се враќаат во рацете на професорите, односно наставно-научните совети, а слабее моќта на деканите и на ректорите. Ова се само дел од промените што ги носи новиот закон.

Студентите пак имаа забелешки токму во делот на студенсткото организирање. Студентскиот парламент при Унивезитетот Свети Кирил и Методиј реагираше за неколку работи. Според нив изборите за студентските претставници на факултетстките студентски собранија ги распишува деканот наместо самите студенти, а тоа велат значи дека на новото тело Универзитетско студентско собрание се наметнува делегатски систем на гласање.

-Велеа дека секој што сака ќе може и да се кандидира за претседател без никакви ограничувања. Во новиот закон ова го нема. Предвидено е новиот претседател да се бира од редот на студентското собрание, а не на непосредни избори, реагираа студентите.