На 6-ти мај во Сплит, Република Хрватска загинал 19-годишниот војник од Кавадарци, Сашко Гешовски.

На денот на загинувањето тој бил на должноста стражар во командата на Военопоморската област во Сплит, каде што протестирале над 30.000 демонстранти. Гешовски бил првата македонска жртва во југословенската војна. Тој од 17 септември 1990 година служел во воената полиција во Сплит.

Почнале протести во кои учествувале повеќе од 30 илјади демонстранти кои прераснале во безредија и престрелки. Еден од куршумите беше фатален за кавадарчанецот. Останува непознато како загина Сашко. Според едни кажувања, тој е убиен од хрватскиот муповец Иван Врдољак, а според други, од негов старешина, поручник на ЈНА.

Во конфликтите кои започнаа во СФРЈ загинаа четириесетина македонски војници кои се најдоа во редовите на некогашната ЈНА.