Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека верува дека со неговиот грчки колега Алексис Ципрас ќе остварат средба за време на Самитот за Западен Балкан на ЕУ во Софија.

- Веројатно тоа ќе биде на маргините на Самитот, но логично е да оствариме средба, посебно ако навистина и при следната средба продолжиме со макар мали, но чекори кон напредок на решение на овој проблем, изјави Заев по денешното судско рочиште за „Поткуп“.

Следната средба е планирана за следниот викенд во Атина помеѓу двајцата министри за надворешни работи, Димитров и Коѕијас, рече Заев и додаде дека е информира дека може ќе биде и медијаторот Метју Нимиц.

- Верувам дека може да се направи еден исчекор за да можеме и ние ако не да решиме, барем да прокоментираме за средбата која би ја оствариле во Софија, додаде премиерот Заев.