Стартуваа заедничките прослави на Македонија и Бугарија. Последен од овие настани е заедничкото чествување на сесловенските просветители Св. кирил и Методиј. Или Македонската академија на науките и уметностите и Бугарската академја на науките тоа ќе го направат заедно. Делегација на МАНУ предводена од претседателот академик Таки Фити, четврток и петок(10 и 11 мај) ќе престојува во Софија.
- Заедничкото чествување на празникот Св. Кирил и Методиј стана традиција и е интегрален дел од Програмата за научна и културна соработка меѓу двете академии. Чествувањето на големото дело на св. Кирил и Методиј, покрај празничен, сè повеќе добива и работен карактер, велат од Македонската академија на науките и уметностите.
Следно е одбележувањето на Денот на словенската книжевност и култура, празникот посветен на Свети Кирил Методиј. Се најавува дека со заеднички највисоки државни и црковни почести ќе биде одбележен на 24 мај во Рим и Софија. И 27 мај кога во Охрид ќе се слави големиот јубилеј, 1000 години Охридска архиепископија ќе биде во знакот на двете соседни држави.
Медиумите неодамна од кабинетот на македонскиот архиепископ г.г. Стефан побараа одговор дали на традиционалниот македонски молебен во Рим македонскиот поглавар ќе сослужува заедно со бугарскиот патријарх Неофит, но сеуште без одговор. Тоа би била заедничка литургија и сослужение. Или практично би значело дека практично се исполнува одлуката на БПЦ со која таа се согласи да биде Црква-мајка.
Викендов (6 мај) во Ново Село беше одбележен Денот на храброста и на бугарската војска. Претседателот на Бугарија Румен Радев беше пречекан од македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој потоа замина за Дојран каде попладнево одржуваат работна средба. Радев присуствуваше на бугарските воени гробишта во Ново Село, каде беше одбележан „Денот на храброста и Денот на Бугарската Армија“, кои се слават на празникот Ѓурѓовден. Македонскиот претседател Ѓорге Иванов не присуствуваше на одбележувањето на Денот на храброста и бугарската армија на бугарските гробишта во Ново село. Исто така на чествувањето присуствуваа бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, претставници на Националната гарда на Бугарија, воени аташеа, амбасадори, поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот Охридски и Македонски господин господин Стефан.
По повод истиот ден, припадници на АРМ беа во Софија на парадата. На парадата во Софија, присуствуваше и висока воена делегација на АРМ.
Она што е извесно е дека заедничката прослава на трите празници била договорена во Скопје на 10 овој месец, а агендата, на својот фејсбук-статус, ја објави Милен Врабески, претседател на фондацијата “Бугарска памет”. човекот со чија помош велигденскиот благодатен оган, годинава за прв пат пристигна од Бугарија наместо од Грција, како во изминативе десетина години.
-Разговаравме за можностите за општи настани и концерти. Од името на двете држави и од мое име, како главен иницијатор, планираме да издадеме поштенска марка, монета, плакета и медал поврзани со одбележувањето на најзначајната годишнина. Потврдено е заедничко прославување на:
06.05 – Денот на храброста – воена меморија во Ново Село
24.05 – Ден на словенската книжевност и култура – Рим и Софија
28.05 – Прослава на 1000 години Охридска архиепископија – Охрид
Македонија е благодарна на Бугарија за велигденскиот оган. Да продолжиме со нашите заеднички напори за понатамошно развивање на нашите топли братски односи!, напиша Врабески на својот Фејсбук профил.
Она на што Бугарија извесен период инсистира е, а е и симптоматично, е заедничко одбележување на историски настани и личности, важни за двете земји.
Ова што се случува месецов практично е меѓу првите заеднички чествувања на толку високо ново, а е содржано во Договорот за добрососедство меѓу двете земји. Ова ќе биде прва заедничка прослава на која ќе учествуваат највисоки државни и црковни претставници, иако и во изминатите години се случувале заеднички одбележувања на 24 мај, но на пониско ниво. На пример во 2014 година, првпат по 1999 година, на чествувањето присуствуваа бугарските амбасадори во Рим и Ватикан. Дотогаш, на гробот на Св. Кирил во Рим македонската и бугарската делегација одржуваа одвоени одбележувања.
Заеднички прослави, во изминатите години имаа Македонската академија на науките и уметностите и Бугарската академија на науки.