Tракторист од радовишкото село Коџачока починал вчера отако со трактор паднал во провалија.
МВР соопшти дека Џ.М. (26) од с.Коџачока околу околу 16.00 часот додека орал нива во с.Супурге, радовишко, изгубил контрола по што паднал во провалија и починал. Смрт била констатирана од лекар, а увид на местото извршила екипа од Полициска станица Радовиш.