Македонскиот премиер Зоран Заев, со сопругата Зорица, како што објавија српските медиуми бил во приватна посета на Приштина, каде бил угостен од косовскиот премиер Рамуш Харадинај во неговиот дом.
Харадинај приватната посета на Заев со фотографија од средбата ја објавил на својата Фејсбук страница.
„Со сопругата Анита добредојде во нашиот дом му посакав на нашиот пријател и мој македонски колега Зоран Заев и на неговата сопруга Зорица, во надеж дека нашето пријателство ќе влијае врз односите меѓу Приштина и Скопје и врз нашите граѓани," објави Харадинај.