Прашан за тоа што не е усвоен записник од седницата на која што Талат Џафери е избран за претседател на Собранието, премиерот Заев рече дека тој е избран со мнозинство гласови.
- Видливо беше како се направи изборот во услови кога по 32 дена блокирано Собрание, со должно внимание и водење грижа за сите аспекти, се спроведе процедурата и се гласаше со мнозинство за избор на претседател на Собранието. Доказите се гледаат и достапни се до јавноста. Верувам дека тој записник може да се преточи на хартија затоа што тоа е визуелно евидентно и верувам дека Собранието ќе ги формализира своите постапки, рече Заев, одговарајќи на прашања на заедничката прес-конференција со германскиот државен секретар за европски прашања во МНР, Михаил Рот.