Министерството за животна средина и просторно планирање, со цел да се избегнат шпекулации со кои се нарушува угледот на институцијата, ја информира јавноста дека контролата извршена во Секторот отпад на Министерството за животна средина и просторно планирање е во рамките на редовните работни обврски на Управата за финансиска полиција.

При контролата, направен е увид во документацијата која се однесува на колективни постапувачи со отпад и побараната предметна документација е уредно доставена на увид од страна на надлежните служби во Министерството.

Министерството за животна средина и просторно планирање е транспарентно во својата работа и е отворено за соработка со сите институции.