Финансиска полиција влегла на Клиниките за хематологија и ревматологија и во Агенцијата за лекови (МАЛМЕД), објави НОВА.
Инспекторите ја истражуваат последната набавка на лекот Мабтера кој наводно бил донесен во земјава преку паралелен увоз. Станува збор за исклучително скап лек (една ампула чини 68 000 денари) за кој имало постапка за интервента набавка бидејќи залихите се потрошиле.
„Добивме пријава дека лекот е од паралелен увоз и ќе се утврдува дали станува збор за оригинален лек. Влеговме и на клиниките и во веледрогеријата добавувач за да утврдиме дали имаат сертификат за квалитет и сите други лиценци. Но, ова ќе потрае, сега сме на половина пат“, потврдија за НОВА од Финансиската полиција.